2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст во Грција се очекува во 2014

Економскиот раст во Грција се очекува во 2014

grcija2

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека падот на грчката економија во оваа година ќе изнесува 4,2 проценти, а дека економскиот раст може да се очекува во 2014 година.

ММФ во наредната година очекува скромен раст на грчката економија од 0,6 проценти.

Се предвидува дека во текот на наредните години грчката економија ќе се стабилизира и дека во 2018 година ќе достигне раст од 3,3 проценти.

ММФ очекува дека грчкиот фискален дефицит во оваа година ќе достигне 4,6 проценти, а дека во текот на наредната година тој ќе се намали на 3,4 проценти.

Да се потсетиме, Грција од 2009 година се наоѓа во длабока финансиска и економска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП