19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на мало во Велика Британија оствари пад во август

Продажбата на мало во Велика Британија оствари пад во август

potrosuvacka malo vb

Продажбата на мало во Велика Британија се намали во август по забележаниот раст во јули, покажуваат податоците на „British Retail Consortium“ – водечката група на трговците на Островот, соопштува интернет изданието „MarketWatch“.

Статистиката додава дека мешаната слика на потрошувачките трошоци е како резултат на одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ), дополнува весникот.

Падот на продажбата на мало во Велика Британија во август достигна 0,9% во однос на истиот месец од минатата година. Весникот потсетува дека во јули беше забележан раст на продажбата на мало во земјата од 1,1%.

Продажбата во продавниците се намалува за 0,3% за месецот наспроти растот од 0,1% во август 2015-та година. Ова е најслабата презентација од септември 2014-та година, пишува весникот.

Податоците се контраст со неодамнешната анкета меѓу трговците, спроведена од Конфедерацијата на британската индустрија во периодот меѓу 27-ми јули и 12-ти август. Резултатите од него сигнализираат дека се очекува раст на продажбата на мало.

Подоцна овој месец ќе бидат објавени и владините податоци за продажбата на мало во Велика Британија во август. Владините податоци за јули покажаа силен раст поради убавото време и слабата фунта кои ги охрабрија трошоците на странските туристи.

Некои економисти стравуваат дека во следните месеци серија фактори ќе ја ограничи потрошувачката, вклучувајќи го растот на инфлацијата и ограничениот раст на приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП