12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМетални честички од загаден воздух најдени во мозокот на човекот

Метални честички од загаден воздух најдени во мозокот на човекот

мозок-чест

Ситни честички од загаден воздух најдени се во примероци од мозочно ткиво кај човекот, покажа најновата студија.

Научниците кои работеа на ова откритие го нарекоа „застрашувачки шокантно“, затоа што покренува низа прашања за влијанието на воздухот што го дишеме врз здравјето на човекот.

Новото истражување ги претстави првите докази дека ситните честички кои се нарекуваат магнетити, и кои може да настанат во процесот на загадување на воздухот, може да завршат и во човечкиот мозок.

„Тоа е ужасно шокантно. Кога проучувате ткиво, ги гледате честичките распоредени меѓу клетките и кога ќе направите магнетско отсранувањем тоа се тогаш милиони такви честички, милиони во само еден грам мозочно ткиво. Тоа се милиони прилики за предизвикување штета“, вели професорката Барбара Махер, водителка на студијата од Универзитетот Ланкастер, пренесува BBC.

Магнетитот може да настане и по природен пат во мозокот, но тие честички се изразито назабени, за разлика од овие кои доаѓаат од загадениот воздух кои се сферни. Според студијата, тие се побројни и се мазни, сферни, а тоа се карактеристики кои настануваат само во услови на високи температури, како внатрешноста на моторите во возилата или составот за кочење кај автомобилите.

„Тие се со сферен облик и имаат мали кристалити околу својата површина, а настануваат со други метали како платината која доаѓа од катализаторите во возилата“, вели Махер.

„Така за прв пат видовме честички од загадување во човечкиот мозок. Тоа е вистинско откритие. Тоа е цело ново подрачје за истражување и разбирање дали тие честички ги забрзуваат или ги предизвикуваат неуродегенеративните болести“, додава таа.

На секоја природно настаната честичка магнетит во мозокот, научниците нашле 100 настанати со загадување на воздухот.

Тие се многу ситни, па научниците ги нарекоа нансфери, и имаат големина од 200 нанометри, што е 250 пати помало од дебелината на влакно од коса.

Додека поголемите честички од загадениот воздух остануваат во носот, помалите ги внесуваме со дишење во белите дробови, а уште помалите може да завршат во крвотокот.

Но, за честички со нанометарска големина, како магнетитот, се верува дека се доволно мали за да може да поминат од носот во мирисниот меур и потоа преку нервниот систем во предниот корткс на мозокот.

Се верува дека откритието може да доведе до подобро разбирање на механизмот на Алцхајмерова болест, но не постојат докази дека тие ја предизвикуваат.
Истражувањето го водел тим научници од Универзитетот Ланкастер, а објавено е во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS).

Анализирани се примероци од 37 луѓе од кои 29 живееле во Мексико Сити, град познат по загадениот воздух, и дека биле на возраст од 3 до 85 години.

Преостанатите осум биле од Манчестер на возраст од 62 до 92 години.

Дел од нив биле починати во различни фази од неуродегенеративни болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП