2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасилени инспекциски контроли кај сите регистрирани откупувачи на грозје

Засилени инспекциски контроли кај сите регистрирани откупувачи на грозје

Image (6)

Државниот инспекторат за земјоделство во наредниот период ќе врши интензивни и засилени континуирани контроли кај сите регистрирани откупувачи на грозје.

За таа цел, како што информираше Директорот на ДИЗ Цветан Трипуновски, се формирани посебни тимови од повеќе од 30 инспектори кои постојано ќе ја контролираат работата на секој откупен пункт односно на секој регистриран откупувач.

Од ДИЗ ги предупредуваат винариите, односно регистрираните откупувачи на грозје дека при откупот особено е важно да се обрне внимание на цената на грозјето изразена во шеќерни единици. За да може да се контролира дали цената е во согласност со шеќерните единици инспекторатот набави и широмери за контрола на шеќерните единици. Воедно беше одржана и кратка обука на инспекторите за нивна употреба.

Во насока на успешно одвивање на откупот на грозјето,секоја неправилност може да се пријави и на бесплатната телефонска линија 0800 11 000.

Засилените контроли од страна на Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи и при откупот на останатите производи на идентичен начин како што е со откупот на грозјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП