19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на европските берзи на највисоко ниво во последните осум месеци

Акциите на европските берзи на највисоко ниво во последните осум месеци

berzi ey3

Цените на акциите на водечките европски компании во понеделник ги достигнаа највисоките нивоа во последните осум месеци, црпејќи ја поддршката од јакнењето на енергетскиот и рударскиот сектор, како и од скокот на акциите на швајцарски Теменос.

Паневропскиот STOXX 600 индекс беше во плус 0,3 отсто, достигнувајќи ги највисоките нивоа од почетокот на јануари, по скокот од два отсто минатата недела, кога слабите бројки за вработеноста во САД ги намалија очекувањата на инвеститорите дека американската централна банка, Федерални резерви(Фед) веќе овој месец ќе ги зголеми каматните стапки.

Париски CAC околу пладне беше во плус 0,35 отсто, на 4.558 бодови, а франкфуртски DAX 0,25 отсто, на 10.710 бодови.

Губитник беше лондонски Ftse, 0,24 отсто, лизнувајќи се на 6.877 бодови.

Аналитичарот Мајк ван Дулкен од Accendo Markets утврди дека европските безри го следеа слегувачкиот тренд на азиските берзи, бидејќи инвеститорите од новиот извештај за вработеноста во САД заклучија дека тоа не е доволно Фед да ги крене каматните стапки уште овој месец.

„На трговците очигледно им се допаѓа фактот парите да бидат евтини подолг период, па макар уште само неколку месеци“, додаде Дулкен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП