5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомалите индустриски нарачки укажуваат на забавување на германската економија

Помалите индустриски нарачки укажуваат на забавување на германската економија

ger proizvodstvo

Најновите податоци за забавување на растот на нарачките во германската индустрија во јули годинава ја зголемија загриженоста на економистите дека најголемата европска економија забавува заради економската и политичката неизвесност во светот.

Бројот на договори за испорака на стока произведена во Германија порасна во јули само 0,2 отсто во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на германското Министерство за економија, објавени во вторник. Тоа е послабо од очекувањата на економистите, кои во анкетата на Reuters проценуваа нивен раст за 0,5 отсто.

Домашната побарувачка, при тоа, паднала за три отсто, додека странските нарачки пораснале за 2,5 отсто, при што побарувачката од еврозоната скокнала за 5,9 отсто. Тоа се првите податоци за индустриските нарачки за целиот месец откако Британија гласаше за напуштање на Европската унија(ЕУ).

„Економската и политичката неизвесност ги придушуваат активностите за нарачки ширум светот“, вели Томас Гицел, економист од банката VP Bank. Тој додаде дека британскиот референдум за напуштање на ЕУ е само еден од факторите.

„Покрај американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, следната неизвесност е зад аголот“, рече Гицел, укажувајќи на острата реторика на Трамп против слободната трговија. Инаку САД се најважниот германски извозен пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП