26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Саудиска Арабија ќе работат на стабилизација на производството на нафта

Русија и Саудиска Арабија ќе работат на стабилизација на производството на нафта

nafta 4839

Русија и Саудиска Арабија, двата најголеми светски производители на нафта, се согласни дека заеднички ќе делуваат за стабилизација на производството на црното злато.

Министрите за енергетика на Русија и Саудиска Арабија, Александар Новак и Халид ал Фалих, се сретнаа во понеделник на маргините на самитот на Г20 во Кина.

Во заедничкото соопштение што го објави Русија, обата министри укажаа на потребата за воздржување од потреси на нафтениот пазар и постигнале согласност заеднички да делуваат на стабилизација на пазарот на нафта.

Новак и Ал Фатих рекле дека во октомври ќе претседаваат со првиот состанок на руско-саудиската работна група за нафта и гас.

Русија, која не е членка на ОПЕК, порано ги поддржуваше повиците за замрзнување на производството, но тие напори пропаднаа бидејќи Иран беше против.

„Со Ал Фатих договоривме заеднички акции заради стабилизирање на ситуацијата на пазарот на нафта“, рече Новак, по состанокот со саудискиот претставник.

Цената на барел „брент“ нафта порасна за испораките во ноември преку пет отсто по објавувањето на извештајот за заедничкото соопштение на Русија и Саудиска Арабија.

Барелот во моментот се продава по цена од 49,15 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП