4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсцрпената Грција бележи скромен раст

Исцрпената Грција бележи скромен раст

214114851657cdaf4ca489c167899471_w640

Исцрпената грчка економија порасна за 0,2 проценти во кваталот април-јуни 2015 година, во однос на претходниот квартал, и покрај малиот пад на потрошувачката на населението и извозот.

Податокот за растот на бруто домашниот производ, кој го објави државната служба за статистика во Атина, е нешто понизок од прелиминарната проценка објавена на почетокот на месецот со економиски раст од 0,3 проценти, пренесува агенцијата АП.

Грчката економија се намали за околу 25 проценти од појавата на должничката криза во таа земја во 2009 година. Државата успеа да избегне банкрот со помош на меѓунарониот финансиски спасувачки пакет, кој е одобрен под услов Атина постепено да ја намали потрошувачката и да спроведе реформи.

Грчката влада, која ја предводи левичарската партија, ќе започне со нова рунда на разговори со своите кредитори следниот месец за реализацијата на својата програма за остро буџетско штедење, додава американската новинска агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП