ЕКОНОМИЈА

Негативен старт на трговската недела на Македонската берза…

mk berza kke

Во понеделник тргувањето на Македонската берза заврши со негативни вредности на двата индекса, при што МБИ-10 забележа пад од 0,41%, додека ОМБ од 0,35%.

Прометот изнесуваше скромни 5,6 милиони денари во кои најголемо учество имааа акциите на Алкалоид, Прилепска Пиварница и ТТК Банка со вкупен промет од над 4 милиони денари, односно над 70% од вкупниот денешен промет.

Од вкупно 16 хартии од вредност со кои се тргуваше денес, седум го завршија денот со пад на вредноста, додека шест хартии од вредност забележаа пораст . Најмногу загубија акциите на Аутомакедонија Скопје со пад на просечната цена од 7,31% со вкупно истргувани 60 акции.

По нив следеа обврзниците од четиринаесеттата емисија која намали вредноста за 2,69%.