7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДејвис: Подобро еден месец подоцна и добар, отколку еден месец порано и...

Дејвис: Подобро еден месец подоцна и добар, отколку еден месец порано и лош Brexit

дејвис

Подобро Велика Британија официјалната процедура за излегување од Европската унија(ЕУ) да ја започне еден месец подоцна и тоа да го направи како што треба, рече во понеделник британскиот министер за Brexit Дејвид Дејвис.

„Ќе го активираме Членот 50 штом тоа ќе биде разумно можно…Попрво би доцнел еден месец и тоа би го направил добро, отколку месец дена порано и погрешно“, рече Дејвис.

Тој истакна дека Британија ќе ја напушти и ЕУ и повторно ќе го воспостави сопствениот суверенитет.

„Како што премиерката јасно рече дека нема да има обиди да се остане во ЕУ…Никакви обиди да се одложи, блокира или спречи војлата на британскиот народ. Никакви обиди да се спроведе втор референдум затоа што некои луѓе не се задоволни со првиот одговор“, истакна Дејвис.

Според него, Владата е црврста во намерата да има „најслободни можни трговски односи“ со ЕУ, истовремено со контрола на имиграцијата во Британија.

Тој додаде дека Британија не верува оти контролата на имиграцијата од ЕУ ја исклучува можноста за одржување на добри трговски односи по Brexit.

Високи претставници на ЕУ инсистираат Британија да мора да ги прифати четирите слободи на Унијата, меѓу кои е и слободата за движење, а ко сака да остане членка на единствениот европски пазар. Но, дел од британските политичари се надеваат дека ќе постигнат „единствен“ договор кој би можел да овозможи на земјата пристап до тој пазар со истовремено јакнење на контролата на имиграција.

„Трговските односи се од полза на обете страни“, нагласи Дејвис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП