19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBertelsmann го продава уделот во RTL

Bertelsmann го продава уделот во RTL

bestre

Германски медиумски конгломерат „Bertelsmann“ очекува да добие 1.6 милијарди евра од продажбата на уделот кој го имаат во телевизиската куќа „RTL“, а според нив средствата кои ќе ги добијат планираат да ги искористат за финансирање на своите амбиции за проширување на бизнисот.

„Bertelsmann“ го одреди ценовниот опсег од 54 до 62 евра по акција и планира да понудат 23.2 милиони акции на „RTL“ во секундарната јавна понуда со опција за продажба на дополнителни околу 2.3 милиони, во зависност од побарувачката.

Понудата ќе трае од 18-ти до 29-ти април, а на 30-ти април ќе биде прв ден на тргување. Акциите на „RTL“ во моментов изнесуваат 57.65 евра.

Со продажбата на акциите уделот на „Bertelsmann“ ќе се намали од 92.3 на околу 76 проценти.

Инаку медиумскиот конгломерат објави плановите за големи аквизиции и стратешки партнерства се со цел да се забрза растот и проширувањето на меѓународниот пазар.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП