16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААрсовска Томовска: Стратешка определба на држава и лидерство се потребни за дигитална...

Арсовска Томовска: Стратешка определба на држава и лидерство се потребни за дигитална трансформација

арсо

За дигитална трансформација не е доволна само технологија, туку и стратешка определба на држава и посветено лидерство, истакна во понеделник министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, на 11-от Стратешки форум во Блед, Република Словенија.

Таа ги елаборираше основните стратешки цели од областа на Дигиталната Трансформација, ги презентираше успешните функционални решенија, направените законски измени за непречена дигитализација, проектите што се во тек во насока на Дигитална Трансформација, како и “градежните блокови” за успешна трансформација.

Посебно се осврна на градењето на компетентни човечки ресурси, било како корисници или даватели на услуги, и важноста на транзиција на државата во улога на овозможувач, а не само давател на јавни услуги.

Од презентациите на сите земји учеснички, евидентни се заедничките визии за Big Data, Cloud, Паметни влади, Отворени податоци, Зелена иднина и Дигитален еко систем. Заеднички е и предизвикот за дефинирање на мапа на дигиталниот свет.

На крајот на средбата министрите од сите земји усвоија заклучоци за заедничка соработка во насока на Дигиталната Tрансформација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП