2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаменик министерот за информатичко општество се сретна со претставник на ЕУРОСТАТ

Заменик министерот за информатичко општество се сретна со претставник на ЕУРОСТАТ

мик

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска го прими Питер Евераерс, директор на Директоратот за соработка, комуникација и главни индикатори при ЕУРОСТАТ.

На средбата се разговараше за тековните активности и проекти на Министерството, законите за коишто МИОА има надлежност, како и нивната примена.

Заменик министерот Муцунски, меѓу другото, се осврна на проектите од областа на информациско-комуникациските технологии, како што е проектот за Интероперабилност кој овозможува поврзување на државните институции за електронска размена на документи и податоци.

На средбата стана збор и за проектите на МИОА за реформа на јавната администрација чијашто цел е да прерасне во подобар и поефикасен сервис за граѓаните.

ЕУРОСТАТ работи со земјите-кандидатки за членство во ЕУ, изразувајќи им поддршка во напорите на патот за влез во унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП