Можно е ново продолжување на програмата за откуп на обврзници на Европската централна банка (ЕЦБ). Прогнозата е на германски брокери, направена за „Bloomberg“.
Во меѓувреме член од одборот на банката изјавил дека се потребни понатамошни напори за помагање на економското заздравување, бидејќи тоа е „незадоволително“.
Се уште има „недостатоци“ во европскиот банкарски сектор, кои треба да бидат пополнети. Исто така банкарската унија треба да биде завршена, смета Ив Мерш од Европската централна банка, цитиран од Ројтерс.
Според Мерш, Франкфурт нема да прибегне кон „екстремни мерки“ за постигнување на инфлациската цел од 2% или близу до оваа вредност. Последните податоци на Евростат посочија дека инфлацијата во монетарната унија во јули е 0,2 отсто.
Во меѓувреме германски брокери коментираа за „Bloomberg“ дека на 8-ми септември најверојатно претседателот на Европската централна банка, Марио Драги ќе го објави ново 6-месечно продолжување на програмата за квантитативни олеснувања. При првата седница по британскиот референдум монетарната политика остана непроменета, но беше направено барање за промени во септември.