2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропската воздухопловна индустрија бара построги правила за корисниците на дронови

Европската воздухопловна индустрија бара построги правила за корисниците на дронови

dronovi

Воздухопловните здруженија кои ги претставуваат воздухопловните компании, пилотите и аеродромите ширум Европа, повикаа во понеделник на задолжително регистрирање и оспособување на корисниците на дронови, по бројните блиски средби на овие беспилотни летови и авионите.

Дроновите сѐ повеќе се користат во подрачјата како што се земјоделството, снимањето на филмови, рекреација, како и за следење на работата на електраните и нафтените постројки. Тоа доведе до пораст на бројот на блиски средби со авионите, посебно при слетувањето, една од најкритичните фази на летот, предупредуваат пилотите.

Британската Управа за цивилно воздухопловство издаде минатата година предупредување по седум инциденти за помалку од 12 месеци на различни британски аеродроми во кои дронови летале во близина на авионите. И годинава се регистрирани повеќе инциденти.

Во моментот во Европа не постојат усогласени прописи за дроновите, иако Европската агенција за воздухопловна безбедност работи на уредување на правилата.

Во заедничкото соопштение објавено во понеделник, европските воздухопловни здруженија повикаа на регистрација на сите беспилотни летала на местото на купување и препродажба, задолжително оспособување на корисниците на беспилотни летала и инсталација на технологија што ќе им оневозможи на дроновите да летаат превисоко, предалеку или во подрачја во близина на аеродромите.

„Дроновите се толку привлечна технологија и многу корисници ги тестираат до крајните граници или дури и надвор од нив“, вели претседателот на Европското здружение на кабинскиот персонал Дирк Полошчек, додавајќи дека сѐ повеќе корисници прават модификации за да го продолжат летот на беспилотното летало.

За тоа колку се дроновите популарни, говори и фестивалот што викендов се одржа во Париз, а на кој на корисниците им беше овозможено да се тркаат со дронови на Шан Елизе.

Големиот производител на дронови, кинеската компанија DJI, вгради во апликациите географски граници кои ги спречуваат нивните дронови да влегуваат во чувтсвителни подрачја. Во некои случаи воведе и можност за отстранување на географските граници, но само доколку корисникот најпрво се регистрира за да може полесно да биде идентификуван.

Во заедничкото соопштение на здружението, исто така, се повикува на дополнителна едукација на корисниците за ризиците на летање на дроновите превисоко или во близина на авионите, како и на истражувањето што би се случило кога дрон би се судрил со авион. Модерните авиони се тестирани на удари на птици, но не е познато што би се случило кога моторот на авионот би вовлекол дрон.

„Потписниците сакаат да ги поддржат напорите на европскиот регулатор да изработи цврста и усогласена европска регулаторна безбедносна рамка за дроновите“, објавија здруженијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП