23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија се обидува да ги стабилизира своите финансии

Словенија се обидува да ги стабилизира своите финансии

slovenia1

По честите статии во весниците, кои Словенија ја нарекоа следниот Кипар, оваа земја се одлучи да им помогне на државните должници во рефинансирање на долгот од 855 милиони, бидејќи трошоците за задолжување во странство се зголемени.

Имено, Словенија ќе собере 550 милиони евра со издавање на 18-месечни обврзници, што е нејзината најголема аукција во последните шест месеци, со цел да помогне нејзините долгови порано да се откупат.

Истражувањето на стабилноста на четвртатата најмала економија во еврозоната започна по тешкиот пад на Кипар. Дури и медиумите како Ројтерс и Вашингтон пост пишуваа дека истата судбина ја чека и Словенија, меѓутоа според истражувањето на стабилноста се потврди дека поранешната држава од Југославија има реална економија и не се потпира само на финансиски махинации.

Меѓутоа, ситуацијата во Словенија е далеку од идеална. Словенија во текот на оваа година ќе мора да позајми околу три милијарди евра за да го отплати долгот кој доспева во јуни, со цел да им помогне на своите банки и да го финансира буџетот, соопшти ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП