21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува растот на стоковната размена со странство

Продолжува растот на стоковната размена со странство

uvoz izvoz 200

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 149 914 654 илјади денари и бележи пораст од 5.2% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 211 186 281 илјади денари што е за 4.0% повеќе во споредба со истиот
период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 61 271 627 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2016, изнесува 71.0%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јули 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

Обем на размената, I-VII 2016                                        Покриеност на увозот со извоз

361 100 935 илјади денари                                                                     71.0 %

5 855 491 илјади евра                                                                               71.0 %

6 531 641 илјади САД долари                                                                 70.9 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 2 431 014 илјади евра, и бележи пораст од 5.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 424 477 илјади евра, што е за 3.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 993 463 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 2 710 526 илјади САД долари, и бележи пораст од 5.6% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 821 115 илјади САД долари, што е за 4.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 1 110 590 илјади САД долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП