7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛидерите на Г-20 ќе побараат создавање на листа на даночни засолништа

Лидерите на Г-20 ќе побараат создавање на листа на даночни засолништа

dvaeska g 000

Учесниците на самитот на Г-20 ќе побараат во завршната декларација да биде вклучено создавање на листа на даночни засолништа и казнени мерки против нив, изјави францускиот министер за економија и финансии Мишел Сапен.

Според него тоа се случува за прв пат, бидејќи во документот ќе има „елементи“, кои никогаш не биле споменувани од државните и владините лидери на Г-20 за „конкретна, ефикасна борба“ против даночните измами и даночната оптимизација. Тој прецизира дека „црниот список“ со даночни засолништа треба да биде изготвен до јули 2017-та година, истовремено со соодветните казнени мерки.

Мишел Сапен истакна дека во анализите направени од учесниците на самитот се појавува постоењето на раст, кој сепак е слаб, и дека треба да се направи се што е можно тој да биде одржлив, посилен и поквалитетен.

Има и појавување за потребата од инвестиции во нови технологии, дигитализација и борбата со глобалното затоплување, додаде францускиот министер.

Пред учесниците на форумот јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека опасноста од пад на светската економија се засилува, соопшти јапонски владин извор, цитиран од агенциите.

Групата на дваесетте водечки и новонастанати економии смета дека е добро подготвена за евентуален негативен ефект од одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија и други неизвесности во глобален аспект. Тоа стои во предлогот за завршната декларација од дводневниот самит на Г-20 во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП