
Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во Црна Гора во март изнесувала 802,2 евра, соопшти денеска Заводот за статистика (Монстат).


Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во Црна Гора во март изнесувала 802,2 евра, соопшти денеска Заводот за статистика (Монстат).
За храна и безалкохолни пијалоци потребни се 254,3 евра, за непрехранбени производи и услуги 352,9 и за наемнина 195 евра.
Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во март 2013 година во однос на истиот месец минатата година е зголемена за два отсто.
Според податоците на Монстат просечната плата во Црна Гора без данок и придонеси во февруари изнесувала 485 евра.