3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген ги прекршил правата на потрошувачите во 20 земји-членки на ЕУ

Фолксваген ги прекршил правата на потрошувачите во 20 земји-членки на ЕУ

folksvagen

Европската комисија(ЕК) утврди дека автомобилскиот концерн Фолксваген ги прекршил законите за заштита на потрошувачите во 20 земји на Европската унија(ЕУ) со мамењето на тестовите за емисиите на штетни гасови, објави германскиот дневен весник Die Welt, повикувајќи се на извори од ЕК.

Меѓу прекршените прописи е и Директивата за продажба на потрошувачка стока и гаранции, која им забранува на компаниите привлекување на купувачите преку преувеличување на еколошките перформанси, како и Директивата за нечесна бизнис практика, а обете се применуваат ширум ЕУ, пишува весникот.

ЕК соопшти дека комесарот за индустрија Елзбиета Биенковска во повеќе наврати го повика Фолксваген да размисли за доброволно плаќање на компензации, но без охрабрувачки одговор и рече дека националните судови ќе утврдат дали потрошувачите имаат законско право на надомест.

Фолксваген им вети на сопствениците на дизел возила во САД дека ќе им надомести милијарди евра, но ги отфрли повиците за слични надоместоци за 8,5 милиони такви возила во Европа, каде што различните правни прописи ќе ги ослабнат шансите за исплата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП