11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвтомобилскиот сектор во САД се мачи да го задржи залетот во продажбата

Автомобилскиот сектор во САД се мачи да го задржи залетот во продажбата

гм-автомобилски

Автомобилскиот сектор во САД се мачеше во август да го одржи залетот во продажбата, но повеќето големи производители известуваа за пад на продажбата.

Една од причините е што помалите попусти на цените ги задржаа купувачите надвор од продажните салони.

General Motors, најголемиот американски производител на автомобили, пријави пад на продажбата од осум отсто во однос на август 2015 година, додека Ford и Toyota продадоа пет отсто помалку возила минатиот месец на годишно ниво.

Северноамериканската единица на Fiat Chrisler не го следеше таквиот тренд, со оглед на тоа дека забележа раст на продажбата од три отсто, што се должи на добрата продажба на Jeep SUV возилата.

Според податоците на американската консултантска куќа Autodata, испораките на оваа индустрија во август паднале 0,6 отсто во однос на претходниот месец, односно 4,1 отсто во споредба со август 2015.

Десезонираната годишна стапка на продажба изнесува 17 милиони единици, што исто така во овој момент е под минатогодишната стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП