27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекин на железничкиот сообраќај на релацијата Солун-Скопје-Белград

Прекин на железничкиот сообраќај на релацијата Солун-Скопје-Белград

zeleznichki

Од неделата, 4-ти септември нема да сообраќа меѓународниот воз „Хелас експрес“ на релација Солун – Скопје – Белград, а причината за тоа, како што информира „Македонски железници – Транспорт“, е поради изведување градежни активности на територијата на Србија.

Прекинот на патничкиот сообраќај ќе важи до крајот на возниот ред 2015/2016 година, а повторното воспоставување на редовната патничка линија на релација Солун-Скопје-Белград заеднички ќе го усогласат „МЖ Транспорт“, „Србија воз“ и „Trainose“ – Грчките железници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП