26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките го повлекуваат златото од најголемиот трезор, зошто?

Банките го повлекуваат златото од најголемиот трезор, зошто?

zlato pracki

Според податоците на Федералните резерви на САД, централните банки го забрзаа повлекувањето на златото од овој трезор, кој е најголемиот во светот.

Германија пред две години за прв пат повлече поголема количина од благородниот метал од Њујорк – дури 120 тони.

Oваа година, за првите седум месеци, повлечени се 87 тони злато, објавија од „ФЕД“. Тоа е значително повеќе во споредба со истиот период од минатата (69 тони) и од 2014-та година (55 тони). Во трезорот во Њујорк до 31-ви јули 2016-та година беа чувани 5,807 тони злато. Повлекувањето на златото од трезорот започна во 2007-ма година, кога резервите изнесуваа 6,606 тони.

Oд февруари 2014-та година до јули 2016-та година централаните банки од Федералните резерви на САД повлекоа вкупно 388 тони од овој благороден метал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП