5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Имам рецепт за посилно евро

Путин: Имам рецепт за посилно евро

92904554957c98d533e43e263269397_w640

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека големината на еврозоната еден ден би можела да се намали доколку силните членки од тој блок одлучат да ги „збијат своите редови“.

„Не ја исклучувам можноста за донесување на некоја одлука која би обединила група земји со еднакво ниво на развој, со што, според моето мислење, би дошло до зајакнување на еврото“, изјави Путин во интервјуто за агенцијата Блумберг во Владивосток, град на брегот на Пацификот во кој започна вториот економски форум.

Фактот дека Русија чува 40 проценти од своите девизни резерви во евра, шефот на руската држава го наведе како доказ дека „колапсот“ на 19-члениот монетарен блок не е во интерес на неговата земја. Тој ја пофали водечката европска економија за „многу прагматичен пристап“ во решавањето на проблемите од тој блок.

Помалата еврозоната, фокусирана на економски силните членки со слично размислување, би ја зајакнала единстваната валута, што би ја зголемило и вредноста на руските резерви, констатира њујоршката агенција.

Заедничката 17-годишна валута беше загрозена во текот на долготрајната грчка економска криза, кога најслабата карика во Европската унија се најде блиску излезот од еврозоната, пред постигнувањето на договорот за спасувачкиот пакет помош во „последен час“, додава Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП