11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПојадувајте за да не се расправате со колегите и шефот

Појадувајте за да не се расправате со колегите и шефот

Eating-Healthy-at-Work

Седум од десет британски работници се нерасположени веднаш по будењето наутро, покажа спроведеното истражување на универзитетот Манчестер…

Пет од десет работници признаваат дека неретко се расправаат со својот претпоставен или колегите рано наутро токму затоа што се лошо расположени, а исто толкав број тврдат и дека рано наутро предизвикуваат кавга со својот партнер од истите причини.

Заморот, стресот и гладта се најчестите причини за нерасположението заради кое многумина едвај стануваат од кревет и се приморуваат себе си да заминат на работа.

Професорот Џорџ Смеринс, смета дека лошото утринско расположение и прескокнувањето на појадокот како најважен оброк во текот на денот се поврзани.

Оние луѓе кои задолжително појадуваат наутро велат дека се чувствуваат многу подобро и при тоа расположението им е на повисоко ниво.

Во студијата бил вклучени 2.000 работници, а четворица од десет изјавиле дека лошото утринско расположение им се одразува во текот на целиот работен ден, а им влијае и врз квалитетот на работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП