18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакции со акциите на Макпетрол, Скопски пазар и Фершпед

Блок трансакции со акциите на Макпетрол, Скопски пазар и Фершпед

mk berza224

Последниот трговски ден седмицава започна со системски блок транскации на акциите на Скопски пазар (количина 230, цена 9.780 денари) и Фершпед (количина 25, цена 40.000). Потоа следеше уште блок трансакција со акцијата на Макпетрол (количина 43, цена 26.000).

Во класичното тргување најбарани беа акциите на Комерцијална банка со истгувани 460 лотови по цена од 2.449,98 денари (-1,46%), Макпетрол со истгувани 38 лотви по цена од 26.093,61 денари (0,43%) и Алкалоид со истгувани 170 лотови по цена од 5.352,82 денари (-0,71%)

Добитник на денот беше акцијата на РЖЛЕ (ХРМ) со раст од 57,14% при што се истргуваа 1.289 лотови по цена од 11 денари. По неа следеа РЖ Услуги (10%), Окта (9,54%) и приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје (9,5%).

Вкупниот промет изнесуваше 9 милиони денари и се резализира во 58 трансакции. Индексот МБИ10 ја намали својтата вредност за 0,22% (1.983,77), додека ОМБ ја зголеми својата вредност за 0,21% (127,28).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП