11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД помалку нови работни места од очекуваните

Во САД помалку нови работни места од очекуваните

us rabota 3535

Работодавците во САД надвор oд земјоделство, додаваат 151.000 нови работни места во август, се наведува во извештајот на Министерството за труд. Вредноста е под очекувањата на пазарите за околу 180.000 нови вработувања.

„CNBC“ наведува дека август традиционално е тежок месец за лицата кои бараат работа и 2016-та година го потврдува овој тренд. Од последните 13 години во 10 од нив август бил месец, кога вистинските податоци не ги оправдуваат очекувањата.

Податоците за месец јули сепак се ревидирани нагоре од 255.000 до 275.000.

Просечниот раст за последните три месеци изнесува 232.000 нови назначувања месечно.

Нивото на невработеност останува 4,9%, а пазарите прогнозираа намалување до 4,8%.

Извештајот покажува дека платата според час бележи раст од само 3 центи, што е 0,1% на месечна и 2,4% на годишна основа.

Извештаите за вработувањата се клучни за федерални резерви на САД, чија седница е на 20-ти и 21-ви септември. Минатата недела на економскиот форум во Џексон Хол потпретседателот на централна банка Стенли Фишер рече дека токму податоците за вработувањето ќе влијаат на Комисијата за монетарна политика при одлуката.

Непосредно пред објавувањето на податоците шансите за зголемување на каматните стапки во септември беа 27% спроред „CME Group“, а откако извештајот излезе, веројатноста падна до само 12 отсто.

Во средата излезе анкетата на „ADP“ за вработувањето во приватниот сектор. Според податоците компаниите додале 177.000 нови работни места во овој месец, што беше малку над очекувањата на пазарите за 175.000 нови вработувања.

И иако широкиот показател е стабилен, деталите на извештајот на „ADP“ открија некои слабости. Сите нови позиции се во сферата на услугите – 183.000. Областите на производството на стоки всушност остварија пад на новонаименуваните со 6.000, а 2.000 од нив се во градежништвото. Во јули овие сектори забележаа загуба на 5.000 нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП