2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP Enterprise бара купувач на софтверскиот бизнис

HP Enterprise бара купувач на софтверскиот бизнис

hp kompani

„Hewlett Packard Enterprise“ бара купувач на својата единица за софтвер во трансакција која може да достигне 10 милијарди долари, тврди извор запознаен со ситуацијата.

Тоа е уште еден потег од стратегијата на компанијата да го зајакне фокусот.

Слична зделка, како и други процеси, најверојатно ќе стават крај на врската на компанијата со поранешните операции на „Autonomy“, британскиот развивач на софтвер кој компанијата го купи во 2011-та година за 11 милијарди долари. Овој договор во голема мера се сметаше за грешка.

„HP Enterprise“ се стреми кон цена во опсег од 8 до 10 милијарди долари за софтверската поделба, коментира изворот запознаен со предметот. Претходно „Ројтерс“ пишуваше дека се водат преговори за договор околу оваа вредност со компании, вклучувајќи ја „Thoma Bravo“. Портпаролот на компанијата одбил да коментира во врска со ова прашање.

Предложената поделба за продажба создава софтвер за управување на бизнис операции, додава изворот. Компанијата планира да го задржи софтверскиот бизнис, поврзан со делови од клучната технолошка инфраструктура на клиентите.

Акциите на „HP Enterprise“ ја зголемија својата вредност со 3,2% до 22,16 долари за акција во Њујорк во четвртокот.

„HP Enterprise“, една од двете компании, создадени од поделбата на две на „Hewlett-Packard“, продава хардвер, софтвер и услуги за бизнис. Главниот извршен директор Мег Витман направи неколку клучни потези, за да го фокусира бизнисот на компанијата.

За шестте месеци кои завршиле во април, „HP Enterprise“ забележа приходи од софтверот во износ од 1,55 милијарди долари, што е за речиси 12% помалку од истиот период од една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП