Невработеноста во Австрија расте непрекинато од август 2011 година, па така полни пет години бројот на лица без работа е се поголем, и според оценката на експертите бројот на невработени оваа зима би можел да достигне и половина милион.
Актуелната стапка на невработеност според националната дефиниција достигнала 8,3 проценти, што е рекордно ниво.
На крајот на август оваа година бројот на невработени изнесувал 388,624 лица, а за споредба во август 2011 бројот на невработени изнесувал 273,461, па така во последните пет години растот изнесува дури 42 проценти.
Бројот на невработени Австријци во август е намален за 2,1 проценти и паднал на 276,695, но истовремено пораснал кај странците за 9,9 проценти, на 111,929 лица.
Кога станува збор за невработеноста кај бегалците во август биле пријавени 25,819 лица.
Растот на невработените се бележи особено во трговијата, сообраќајот, гастрономијата, хотелиерството и здравството.