12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и ЕК ќе разговараат за развојот на големи гасни проекти

Русија и ЕК ќе разговараат за развојот на големи гасни проекти

gasovod39000

На крајот на септември или почетокот на октомври Русија и ЕК ќе разговараат за реализацијата на големите гасни проекти – „Турски поток“ и продолжувањето на „Северен поток“, како и други енергетски прашања. Тоа го потенцираше рускиот министер за енергетика Александар Новак за новинарите во Владивосток, цитиран од агенциите.

Претходно во текот на неделата шефот на „Газпром“, Алексеј Милер разговараше со турскиот министер за енергија Берат Албајарак и двајцата се договорија за активирање на работата на „Турски поток“. Турција е подготвена да даде дозвола за изградба на проектот, стана јасно по средбата.

Според првичните барања, направени од руската страна за време на разговорите на високо ниво меѓу претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, изградбата на првата цевка на „Турски поток“ ќе биде беспрекорна, а таа ќе го напојува исклучиво турскиот пазар.

За втората и евентуално наредните цевки за проектот, како и за реализацијата на „Јужен поток“, по кои треба да биде пренесуван гас до Европа, Москва ќе сака цврсти гаранции од Европската комисија, категоричен е рускиот претседател.

Во однос на „Северен поток 2“, Полска го попречува проектот со одбивањето да регистрира заедничко претпријатие меѓу акционерите во проектот. На овој начин „Газпром“ е главен инвеститор, што пак е прекршување на европските правила за конкуренција во енергетиката. Според Третиот либерализационен пакет компаниите кои се занимаваат со експлоатација на гас, не можат да бидат сопственици на инфраструктура.

Пред неколку дена Брисел исто така ја изрази својата желба повторно да е медијатор меѓу Русија и Украина за купување на природен гас за зимската сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП