5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќето Европејци сметаат дека цените на живеалиштата ќе продолжат да растат

Повеќето Европејци сметаат дека цените на живеалиштата ќе продолжат да растат

domovi333

Повеќето Европејци очекуваат цените на станбените имоти да продолжи да растат во текот на следната година, пишува „CNBC“. Исклучок прават Британците, чија доверба во пазарот на домување е лоша по гласањето за излез од Европската унија, покажа истражувањето на холандската банка „ING“.

Петтиот годишен извештај „ING International Survey – Homes and Mortgages“ покажуваат дека 56% од европските потрошувачи очекуваат цените на куќите да се зголемат во следните 12 месеци. Резултатите остануваат без промена во однос на минатата година. Според авторите на извештајот тие покажуваат дека довербата се стабилизира.

Довербата сепак се намалува во Велика Британија од 70% во 2015-та година до 57% во оваа година. Анкетарите го поставуваат истото прашање на британските потрошувачи по референдумот за членството во ЕУ во јуни и откриваат дека довербата се намалува уште еднаш. Само 46% од луѓето во Велика Британија веруваат дека цените на куќите ќе се зголемат во текот на следната година.

Верувањето дека цените на куќите се креваат сепак се одразува и на животните одлуки на луѓето. Една третина од европските потрошувачи велат дека одлагаат важни одлуки за својот живот поради растечките цени.

29% од испитаниците, на пример, велат дека не можат да си дозволат да живеат сами, 16% го одлагаат раѓањето на деца, 11% одлагаат склучување на брак, а 12% изјавиле дека не можат да се пензионираат.

„Во Европа очекувањата дека цените на куќите ќе се зголемат, се стабилизираа, но луѓето се уште сметаат дека цените на станбените имоти во кои тие самите живеат, се повисоки“, вели Иан Брајт, виш економист во „ING“, во соопштението.

„Загрижувачки е што тоа се повеќе ги тера да одлагаат важни одлуки за нивниот живот, на пример одложување на пензионирањето, промена на работата или раѓањето на повеќе деца“, додава тој.

Меѓународното истражување на „ING“ собира податоци меѓу 15.000 лица во 15 земји преку онлајн анкета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП