20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOдлуката е донесена: Збогум Британија, заминуваме во Германија

Oдлуката е донесена: Збогум Британија, заминуваме во Германија

lush444

Англискиот производител на природна козметика „Lush“ ја забрзува преселбата на персоналот од својот британски погон во Германија.

„Lush“, кој произведува природна козметика, одлуката за преселба од Велика Британија и проширување на погонот во германскиот град Дизелдорф ја донесе поради одлуката на референдумот за излез на оваа земја од Европската унија.

Во соопштението на компанијата се наведува дека политичката несигурност предизвикана од Брегзит резултираше за одлуката да се зголеми капацитето на производниот погон во Германија.

Оваа козметичка компанија вработува 1.400 луѓе во својата британска фабрика, додека во таа во Дизелдорф има 252 вработени. Фабриката во Германија започна со производи да ги снабдува Франција, Белгија, Луксембург, Холандија, како и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП