30 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на кавадаречки уметници во Прилеп

Изложба на кавадаречки уметници во Прилеп

izlo-iz

Изложба на дела од уметниците Ива Јосифова, Горан Боев и Трајче Јованов од Кавадарци, ќе биде отворена во петок во 20 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп.

Ива Јосифова е уметница од Кавадарци, која дипломирала на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек сликарство и рачно правена хартија.

До сега има реализирано многубројни самостојни и групни изложби во земјата и странство (Италија ,Германија, Словенија, Франција, Бугарија, Србија, Хрватска и др), а добитничка е и на повеќе награди.

Горан Боев, исто така уметник од Кавадарци, кој завршил на Факултет за ликовна уметност во Скопје, 2005 година, на отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски. Магистрира на истиот факултет под менторство на проф. Симон Шемов во 2009 година. Во периодот од 2007 до 2011 година работи како асистент на Факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот Универзитет на Р. Македонија (ЕУРМ).

Од 2011 до 2014 година работи како зограф во манастирот Св. Јован Крстител (Бигорски манастир). Пред македонската публика, досега, се има претставено со 9 самостојни изложби а има земено учество на бројни групни изложби ликовни колонии во земјата и странство. Има остварено студуски престој во САД, Франција и Италија.
Член е на ДЛУМ и ДЛУК.

Трајче Јованов од Кавадарци, Факултет за ликовна уметност завршува во Скопје на отсек графика со конзервација и реставрација во класата на проф. Димитар Малиданов, 2009 год.

Досега има реализирано една самостојна изложба и учествувано на повеќе групни изложби (Кавадарци, Неготино, Скопје, Гевгелија, Тетово).
Член е на ДЛУК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП