2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателност на берзите поради падот на фабричките активности и цените на нафтата

Внимателност на берзите поради падот на фабричките активности и цените на нафтата

wallstreet33399

На Волстрит и на европските берзи во четвртокот најважните индекси стагнираа по објавата на податоците за слабеењето на фабричките активности во САД, што придонесе за неизвесност пред објавата на клучниот извештај за вработеноста во САД, а поради новото тонење на цените на нафтата под притисок беше енергетскиот сектор.

Лондонскиот индекс FTSE го заврши тргувањето во четвртокот во минус од 0,52 отсто, на 6.745 поени, а франкфуртскиот DAX за 0,55 отсто, на 10.534 поени, додека парискиот CAC благо зајакна за 0,03 отсто, на 4.439 поени.

Њујоршкиот индекс Dow Jones во четвртокот зајакна за благи 0,1 отсто, на 18.413 поени, додека индексот S&P 500 ослабе за 0,09 отсто, на 2.170 поени. Технолошкиот индекс Nasdag порасна за 0,27 отсто, на 5.227 поени, поддржан од растот на цените на акциите на „Charter Communications“ за 4,5 отсто, откако беше објавено дека оваа акција ќе влезе во составот на индексот S&P.

Американскиот Институт за менаџментот на набавките (ISM) објави дека индексот на фабричките активности во август паднал на 49,4 поени, што е под процените на економистите од 52 поени, и укажува на првата контракција на производството од февруари.

Овој податок го притисна расположението на пазарите во услови кога инвеститорите се и онака нервозни пред објавувањето на податоците за вработеноста во САД во август. Вицегувернерот на централната банка Стенли Фишер, имено, најави кон крајот на мината седмица дека банката пред одлуката за подигнување на каматните стапки ќе го разгледа токму овој извештај, Економистите проценуваа дека во август американката економија создала 180.000 нови работни места.

Цените на нафтата потонаа и во четвртокот, продолжувајќи ја острата корекција забележана претходниот ден, по податоците на американската влада за растот на резервите од сирова нафта и горива. Цената на барел од нафтата од типот Brent на пазарот во Лондон се спушти за 3,1 отсто, на 45,56 долари, додека цената на барелот на американскиот пазар подна за 3,5 отсто, на 43,.16 долари. Тоа ги симна цените на акциите во енергетскиот сектор во просек за 0,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП