Во релативниот мирното тргување на Македонската берза на хартии од вредност во четвртокот беше остверен вкупен промет од 4,7 милиони денари преку 60 транскции.
Вкупно се тргуваше со 18 хартии, од кои дванаесет беа во позитивна териоторија, две хартии се тргуваа без промена на цената, а четири ја намалија својата вредност.
Најтргувана беше акцијата на Макпетрол АД Скопје, единствена со промет над милион денари, при што се истргуваа 58 лотови по цена 25.982,52 денари.
По неа следеа акциите на Гранит (925 илјади денари), Комерцијална банка (377 илјади), Македонијатурист (286 илјади денари)…
Интересен е фактот дека дури три хартии од вредност остварија раст од 10 отсто, и тоа на Адинг, Окта и на Топлификација АД. По нив следеаа акциите на Уни банка (+8,99), Стопанска банка АД Битола (8,7), Реплек АД (5 отсто)…
Индксот МБИ10 порасна за 1,21 процент и моментално изнесува 1.988,07 индексни поени и се доближива до психолошката бариера од 2.000 индексни поени, додека индексот на обврзници ОМБ ја намали својата вредност за 0,02 отсто и моментално изнесува 127,01 индексни поени./