23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏеки Чен добива Оскар за животно дело

Џеки Чен добива Оскар за животно дело

џеки-чен

Актерот и мајстор на источните боречки вештини Џеки Чен ќе го добие Оскарот за животно дело, објави во четвртокот Академијата за филмски уметности и науки.

Џеки Чен, роден пред 62 години во Хонгконг, играше во холивудските филмови како „Кунг Фу Панда“ и „Карате Кид“. Тој ќе им се придружи на другите добитници на оваа награда годинава, режисерот на документарни филмови Фредерик Висман, британската монтажерка Ен Коатс и кастинг директорката Лин Стејлмастер.

Сите тие на гала вечерта во Лос Анџелес во ноември ќе ја примат почесната статуетка Оскар со која се одава признание на нивниот севкупен придонес во филмската уметност. Претседателката на Академијата Шерил Бун Ајсак во соопштението ги нарече „вистински пионери и легенди во својот занает“.

Чен во својот прв филм се појавил веќе како осумгодишник, а глумеше и понекогаш режираше во повеќе од 30 боречки филмови во Хонгконг и досега немаше Оскар.

Магазинот Forbes во август го прогласи Џеки Чен за вториот најплатен актер на светот. Во 2016 година заработил 61 милион долари, малку помалку од ѕвездата на „Брзи и жестоки“ Двејн Џонсон со 64,6 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП