20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодемот на доларот стивна пред извештајот за вработеноста во САД

Подемот на доларот стивна пред извештајот за вработеноста во САД

доларот

Растот на американскиот долар кон кошницата шест најзначајни валути од земјите најголеми трговски партнери на САД во четвртокот подзабави на меѓународните девизни пазари, бидејќи инвеститорите одлучија да го почекаат објавувањето на клучниот извештај за вработеноста во САД, кој треба да помогне во формирањето на краткорочните предвидувања во врска со движењето на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута кон шесте валути остана речиси непроменет во однос на тргувањето во средата, ба 96,050 поени. Со тоа се држи под највисоките нивоа во последните три седмици од 96,255 поени.

Американската валута кон јапонската се лизна за 0,1 отсто, на 103,29 јени, и со тоа се спушти од највисокото ниво во последниот месец од 103,54 јени, коешто го забележа во тргувањето во средата. Курсот на еврото во таквата атмосфера на валутните пазари остана, исто така, горе долу непроменет во однос на претходниот трговски ден, на 1,1145 долари.

Британската фунта, пак, зајакна за благи 0,1 отсто во однос на доларот, на 1,3150 долари, пред објавувањето на извештајот за активностите во британскиот производствен сектор во август.

Во фокусот на европските инвеститори е извештајот за индексите на менаџерите на набавкaтa (PMI) во британскиот сектор за производство, а по низата главно подобри од очекуваните показатели од британското стопанство кои ги ублажија стравувањата од остро слабеење на активностите по британската референдумска одлука за излегување од Европската унија.

Во петокот сето внимание ќе биде насочено во извештајот за бројот на ноотворените работни места во САД, клучен за оцената на кондицијата на водечката светска економија и предвидувањата за временската рамка во која каматните стапки би можеле да бидат подигнати.

„Сé уште, меѓутоа, има скептици кои не се сигурни дека американската централна банка повторно нешто ќе преземе во врска со каматните стапки во оваа година. Во премногу наврати последните месеци банката ги изневери нивните очекувања за циклусот на брзо подигнување на каматните стапки откако што ги подигна првпат по низа години“, вели Антје Прафцке, валутен аналитичар во „Commerzbank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП