21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзјава на саудиски функционер ја стабилизира нафтата на 47 долари

Изјава на саудиски функционер ја стабилизира нафтата на 47 долари

русија-нафта

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во четвртокот на 47 долари, откако Саудиска Арабија објави дека водечките производители напредуваат во усогласувањата на ставовите за ограничување на производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот нафта остана речиси непроменета во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 46,86 долари. Во средата потона за 1,84 долари. Ниту на американскиот пазар во четвртокот немаше позначителни промени во цента, па со барелот се тргуваше по 44,70 долари, откако претходното тргување го затвори во минус од 1,65 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) извести дека референтната цена барел од кошницата нејзина нафта во средата изнесувала 43,91 долари, што значи дека паднала за 1,34 долари во однос на вторникот.

Пазарите во средата беа потопени од неочекувано големиот скок на резервите сирова нафта во САД минатата седмица за 2,3 милиони барели, а скокнаа и резервите од деривати, вклучително и дизелот и маслото за домаќинствата, за 1,5 милиони барели, покажаа неофицијалните податоци.

Во четвртокот цените се стабилизираа откако саудискиот министер на надворешни работи Абдел ал-Џубеир изјави дека членките на OPEC и производителите надвор од овој картел успешно ги усогласуваат ставовите за ограничување на производството.

„Мислам дека се оди кон заедничка позиција, кон заедничко настојување“, рече саудискиот министер на собир во Токио.

Членките на OPEC кон крајот на септември ќе се сретнат во Алжир на маргините на Меѓународниот енергетски форум (IEF) и се очекува дека повторно ќе се направи обид да се постигне договор за замрзнување на нивото на производството на глобално ниво. Русија, исто така, ќе биде застапена на состанокот во Алжир.

,Доколку сакаме нешто да постигнеме, сите мораме да ја преземе одговорноста, а мислам дека во изминатите пет или шест месеци повеќето од нас увидоа дека тоа мора да биде заеднички напор“, рече ал-Џубеир.

Многу инвеститори и натаму се сомневаат во успех во овие настојувања на ниво на OPEC, па цените изминатите денови паѓаа. Досега многу напори да се ограничи производството завршија со неуспех,а и OPEC произведува само 40 отсто од светската нафта, потсетува Reuters.

„Уште има многу простор за корекции на цените, имајќи ги предвид вишокот шпекулативни пополнети позиции во нафтата и претераните надежи во договор за замрзнување на нивото на производството“, го толкува ваквото расположение на пазарите Карстен Фритш од „Commerzbank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП