28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Нема преговори со Британија додека не започне процедурата за Brexit

Туск: Нема преговори со Британија додека не започне процедурата за Brexit

tusk

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предупреди во четврток во Луксембург дека Европската унија(ЕУ) нема да започне преговори со Велика Британија за нејзините идни односи додека таа земја официјално не ја започне процедурата за напуштање на членството.

„Нашиот став е јасен. Нема преговори пред покренувањето на процедурата (за излегување), рече Туск по состанокот со премиерот на Луксембург.

Туск алудираше на членот 50 од Лисабонскиот договор со кој земјата членка на ЕУ ја започнува процедурата за нејзино истапување, а со активирањето на тој член започнува период од две години за условите на заминување и идните односи на таа земја со ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет рече дека „нема да има преговори пред тоа“ бидејќи ЕУ сака да ги „заштити сопствените интереси“.

Британската премиерка Тереза Меј во неколку наврати изјави дека „нема да ја покрене процедурата за излегување пред крајот на оваа година“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП