18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаднаа цените на акциите на Волстрит

Паднаа цените на акциите на Волстрит

berza77

Цените на акциите на Волстрит во среда паднаа најмногу во енергетскиот сектор по падот на цената на нафтата под 45 УСД, па S&P 500 индексот го заврши август со минус, забележувајќи ја првата месечна загуба од февруари.

Њујоршки Dow Jones индексот се спушти во среда 53,42 бода или 0,29 отсто, на 18400 бодови, S&P 500 0,24 отсто, на 2.170 бодови, а технолошкиот Nasdaq 0,19 отсто, завршувајќи го тргувањето на 5.213 бодови.

На ниво на август, S&P се спушти 0,1 отсто, а Dow 0,17 отсто, додека технолошки Nasdaq зајакна еден отсто.

Најмногу во среда паднаа цените на акциите во енергетскиот сектор, во просек 1,4 отсто, забележувајќи најостар дневен пад во последните три недели, бидејќи барел нафта на американскиот пазар потона повеќе од три отсто.

Во текот на денот е објавен податокот дека во американскиот приватен сектор во август се креирани 177 илјади нови работни места, што е во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Тоа докажува дека американската економија повторно добива залет и дека американската централна банка, Федерални резерви(Фед) би можел оваа година да ги подигне каматните стапки.

Најновите солидни показатели го насочија фокусот на инвеститорите на извештајот на американската влада за вработеноста, што ќе биде објавен утре.

Околу 6,82 милијарди акции го променија сопственикот на сите американски берзи, нешто повеќе од 20 дневниот трговски просек од 5,98 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП