На европските берзи во среда индексите ослабеа, покрај растот на акциите на германската банка Commerzbank и францускиот конгломерат Bouygues кои го надоместија падот на цените на акциите во рударскиот сектор.
Лондонски FTSE се спушти 0,58 отсто, на 6.781 бодови, франкфуртски DAX 0,6 отсто, на 10.592 бодови, а париски CAC 0,43 отсто, на 4.438 бодови.
Август индексите го завршија со добивка, при што најмногу порасна DAX 2,5 отсто, додека FTSE зајакна 0,85 отсто, а CAC, 0,04 отсто.