Вкупен промет од 4,9 милиони денари беше остварен во средата во 44 транскции и истргувани 14.643 лотови.
Најтргувана беше акцијата на Комерцијална единствена со промет над милион денари при што се истргуваа 406 лотови по цена 2.490,39 денари. По неа следеа акциите на Макпетрол (848 илјади денари), Гранит (636 илјади), Стопанска банка АД Скопје (604 илјади)…
На официјалната страна на Македонска берза најбројни беа објавите на полугодишни извештаии меѓу кои беа и извештаите на: ВВ тиквеш, Адинг, Скопски пазар, РЖ Услуги, Стопанска банка АД Битола, ЗК Пелагонија, Централна Кооперативна банка, Аутомакедонија, МЗТ Вабтек, Мермерен комбинат Прилеп
Двата индекса МБИ10 и ОМБ беа во раст и тоа 0,31 и 0,02 отсто, соодветно.