23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворено ново средно училиште во Сарај

Отворено ново средно училиште во Сарај

сарај

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати, и Бедри Ѓуреци, директорот на новото средно училиште „Сарај“, денеска присуствуваа на отворањето на училишниот објект.

„Новото средно училиште коешто е прво во Општината Сарај ќе им овозможи квалитетно образование на учениците од оваа општина. Градот Скопје заедно со Министерството за образование и наука го исполни барањето на жителите од оваа општина и го отвори училиштето во кое учениците ќе можат да следат настава за повеќе образовни профили“, истакна градоначалникот Трајановски.

Новото средно училиште е со вкупна површина од 4.405 квадратни метри, во кое наставата ќе се одвива во 12 училници, четири кабинети, голема фискултурна сала, читална и библиотека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП