4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие видови на хоби одлично ќе изгледаат во вашето CV

Овие видови на хоби одлично ќе изгледаат во вашето CV

cv-sized-no-pic

Биографијата служи како ваша деловна лична карта и важно е во неа да внесете вистински вредности кои ќе ви помогнат да се истакнете меѓу бројните други пријави. Освен досегашното искуство и образованието, се повеќе внимание им се посветува и на останатите полиња кои морате да ги исполните во своето CV.

Додавајќи го вашето хоби во биографијата, споделувате и малку поинакви аспекти од вашата личност кои ги ценат бројни модерни компании. Во продолжение издвоивме неколку видови на хоби кои бројни работодавци ги сметаат за пожелен дел од вашето секојдневие.

Јога

Смиреност и контрола – ова се две карактеристи на сите оние кои практикуваат јога. Јогата не учи како да станеме смрени и фокусирани дури и во најстресните ситуации, а тоа се вештини кои е многу пожелно да ги имате во работното опкружување.

Екстремни спортови

Сакате да ги поместувате границите, дисциплинирани сте, не се плашите од непознатото и сакате ризик – ова се вештини кои ги поседуваат сите оние кои сакаат екстремни спортови. Секоја од овие вештини работодавците ја сметаат за пожелна кај своите вработени.

Видео продукција и фотографија

Ова се вештини кои ќе бидат пожелни во речиси секоја компанија, а вашето познавање за ракување со фотографии или снимањето на видеа ќе ви користи во креирањето на разни маркетинг содржини.

Занимавање со спорт

Тимска работа, лидерски вештини и снаодливост се заедничките карактеристики на сите оние кои се занимаваат со спорт. Не само што спортот подразбира и ваша промоција на здравиот живот, туку и ве учи и на вредностите кои се ценат и во деловната околина.

Блог

Доколку сакате блог, имате сјајни сознанија за пазарот, маркетингот и односот со потрошувачите. А која компанија не би ги ценела вашите можности преку онлајн содржини да набивате нови клиенти?

Свирење на инструмент

Фокус, предаденост и дисциплина се каратеристиките на оние кои свират виолина, гитара и сл. А доколку тие вештини ги стекнете уште од детството, сјајно ќе ги имплементирате и во работните задачи кои ќе ги добивате.

Градинарење

Доколку сте страствено зааубени во цвеќиња или пак одгледувате овошје и зеленчук, покажувате голема љубов кон природата, што исто така ќе биде и тоа како корисна и препознаена особина во бројни компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП