8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ќе се обиде да договори „специјален однос“ со ЕУ

Велика Британија ќе се обиде да договори „специјален однос“ со ЕУ

velika

Велика Британија ќе се обиде да договори „специјален однос“ со Европската унија (ЕУ) кој вклучува контрола на миграцијата, но кој исто така би се покажал и како добар договор за трговија со стоките и услугите, соопштила портпаролката на британската премиерка Тереза Меј, пренесуваат британските медиуми.

Меј во средата за првпат одржа состанок со своите водечки министри, откако неодамна им порача својот одмор да го искористат за осмислување на опција за идните врски со европскиот блок.

„Неколку министри во владата јасно кажаа дека ја напуштаме ЕУ, но не и Европа, со цврст став дека не се работи за некакво стандардно решение, туку дека моделот за нови односи со Унијата кој го бараме мора да биде единствен, односно по мерка на Велика Британија“, изјавиле од кабинетот на Меј.

„Тоа мора да вклучува контрола на бројот на лица кои доаѓаат во Велика Британија од Европа, но исто така да биде и позитивен за оние кои сакаат да тргуваат со стоки и услуги“, додале од кабинетот на британската премиерка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП