19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо вториот квартал БДП-то на Канада забележа најголем пад по седум години

Во вториот квартал БДП-то на Канада забележа најголем пад по седум години

kanada 883

Економијата на Канада во вториот квартал ја забележа најдлабоката контракција по седум години, а причини за тоа беа падот на извозот и прекинот на нафтеното производство поради шумските пожари во Алберт. Се уште се очекува економијата да закрепне подоцна во текот на годината, соопштува „Ројтерс“.

Иако намалувањето во вториот квартал е поголемо од очекуваното од Канадската централна банка (КЦБ), не се очекува податоците презентирани во средата, да ја менуваат нејзината прогнозирана одлука на претстојниот самит во текот на следната недела. Пазарите гледаат 92% веројатност банката да ги задржи каматните стапки на ниво од 0,50%.

Позитивниот раст во јуни ги поддржува и очекувањата на централните банкари дека економијата ќе се прошири значително во третиот квартал, коментираат економистите.

„Тоа е во голема мера во согласност со позицијата на Канадската централна банка дека економијата падна лошо напролет“, вели Сал Гуатиери, виш економист во „BMO Capital Markets“.

„Мислам дека „КЦБ“ се уште е уверена дека извозот ќе се зголеми и ќе ја поведе економската експанзија во втората половина од годината“.

Бруто домашниот производ се намалил за 1,6% на годишна основа во вториот квартал, објави статистичката служба на Канада.

Тоа ги надминува прогнозите на економистите за контракција од 1,5% и е најголем годишен пад во вториот квартал од 2009-та година, кога Канада падна во рецесија како последица на глобалната кредитна криза.

Канадскиот долар поскапе благо против американскиот долар веднаш по претставувањето на податоците.

Со намалувањето на извозот на стоки и услуги е нанесе сериозен удар на растот во вториот квартал. Падот влијае на повеќето видови стоки – од автомобили до стоки за потрошувачка.

Извозот на енергетски производи, вклучувајќи ја сурова нафта и суровиот битумен, исто е намален поради шумските пожари во мај во регионот со нафтени полиња во Алберт.

Забрзувањето на извозот е важно за изгледите на централната банка, а извештајот за трговијата од петокот исто така ќе биде разгледан внимателно.

Бизнис инвестициите остануваат слаби, но стапката на падот не е толку остар како претходно, што е охрабрувачки знак за централната банка.

„Има и позитивни сигнали. Тоа е добар знак за третиот квартал“, вели висок економист на „Desjardins“, Џими Дин.

Други податоци исто така покажуваат закрепнување на економијата. Бруто домашниот производ пораснал за 0,6% во јуни, помогнат од раст на неконвенционална екстракција на нафта поради неговото закрепнување по задушување на шумските пожари.


source: tradingeconomics.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП