10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазочарувачки податоци во ЕУ - милијардите без ефект

Разочарувачки податоци во ЕУ – милијардите без ефект

369120182575068bc4bbfe521554374_w640

Инфлацијата во еврозоната се задржа на ниско ниво од 0,2 проценти во август, главно поради падот на цената на енергентите, соопшти европската агенција за статистика Еуростат.

Оваа ниска инфлација е далеку под целната инфлација на Европската централна банка од два проценти, која се смета за потикнувачка за економската активност.

Повторно ниските цени на енергентите ја повлекоа стапката на инфлација надолу, со пад од 5,7 проценти во август во однос на истиот месец минатата година. Сепак цената на енергентите го ублажи падот во август, бидејќи во септември беа во минус 6,7 проценти.

Европската централна банка покрена претходно низа поттикнувачки мерки да и помогне на економијата и да ја подигне инфлацијата на поздраво ниво.

Ваквите разочарувачки резултати би можеле да извршат притисок на ЕЦБ да донесе нови мерки на состанокот на гувернери на 8-ми септември. Аналитичарите, сепак, не очекуваат дека банката на тој состанок ќе усвои нови мерки, но не ја исклучуваат можноста таа тоа да го направи во наредните месеци доколку инфлацијата остане ниска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП