3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Опасност од економско забавување

Медведев: Опасност од економско забавување

Dmitry Medvedev

Премиерот на Русија Димитриј Медведев во годишниот извештај за работата на владата, предупреди на сериозен ризик од забавување на економскиот раст на Русија.

„Првите месеци од оваа година покажуваат дека сеуште постои тенденција за забавување на економскиот раст. Постои многу сериозен ризик“, изјави Медведев.

Тој изјави дека владата ја предвидела таа тенденција поради ситуацијата на светскиот пазар и дека сега има за задача да ги спроведе мерките за економски раст.

Медведев изјави дека руските државни институции и компании, како и големиот број на приватни компании, не забележале загуба од банкарската криза во Кипар.

Тој, сепак, ја критикуваше ЕУ поради „политиката за конфискација“ како дел од мерките за санација на банките во Кипар.

Во својот говор, Медведев истакна дека Русија во иднина ја гледа како „силна, слободна и комфорна земја“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП