5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа ја повикува Атина да заврши брзо со пропишаните мерки

Европа ја повикува Атина да заврши брзо со пропишаните мерки

gre30

Европската работна група ја повика Владата во Атина да заврши што е можно побрзо со исполнувањето на пропишаните мерки од кредиторите кои се врзани со траншата од 2,8 милијарди евра. Тие се услов и за да може должничкиот проблем на Грција да биде решен до крајот на годината.

Според европски претставник, работната група која заседаваше претходно во оваа недела го регистрираше постигнатиот од Грција „мал“ напредок во реализацијата на 15-те пропишани мерки од кредиторите, а ја истакнала потребата од брзо финализирање на првата проценка, дадена од институциите за грчките реформи, па да биде отворен патот до крајот на годината за дебата за мерките поврзани со реструктуирање на грчкиот долг.

Истиот претставник рекол дека по прашањето за грчкиот долг позициите на партнерите од еврозоната се уште не се јасни.

Работната група потврдила дека проблемот со грчката статистичка служба ЕЛСТАТ ќе биде на агендата на средбата на министрите за финансии од еврозоната, која ќе се одржи на 9-ти септември во Братислава.

Еврокомисијата смета дека случајот ЕЛСТАТ не помага на преговарачкиот процес и не е во интерес на Грција, рекле добро известени извори во Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП