20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 0,9 проценти повеќе работници во индустријата во првите седум месеци

За 0,9 проценти повеќе работници во индустријата во првите седум месеци

rabotnici00

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 99.4.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст од 1.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.7%, а во секторот  Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 0.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3%, Капитални производи за 9.7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.0%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2016 година, во однос на периодот јануари – јули 2015 година, изнесува 100.9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП